Сите ние ги обожуваме овие чоколади со карамела, но нажалост не секогаш можеме да си дозволиме да ги консумираме секој ден. .
Доколку сте љубител на благото овој рецепт не може да не ви се допадне.
Еве како да го направите популарниот твикс и тоа токму во вашата кујна.
Состојки:
● 500гр чоколадо за готвење
● 350гр карамел бомбони
● 200гр пишкоти
● 1/4 шолја млеко
● 4 лажици путер
Подготовка:
Половина од чоколадото растопете го а потоа сипете го во сад чие дно претходно сте го обложиле со самолеплива фолија. Потоа оставете го во фрижидер додека да се стегне.
Во меѓувреме, сомелете ги пишкотите, додадете им го стопениот путер и со мешање сето тоа добро соединете го и сипете го врз чоколадото.
Карамел бомбоните сипете ги во сад со млеко, а потоа ставете ги на тивок оган и постојано промешувајте додека да се растопат. Рамномерно прелијте врз пишкотите и чоколадото, па повторно ставете го тавчето во фрижидер.
Кога смесата добро ќе се зацврсти, исечете ја на штангли. За крај станатата половина од чоколадото исто така растопете го и натопете ги штанглите во него.
Почекајте да се оладат и уживајте во вкусот.