Во топлите денови исклучително ни годи свежа и вкусна салата. Одлично дополнение на секој оброк. Салатите се здрави, а и не одземаат време. Ние ви предлагаме да пробате да ги направите и да ни пишете која најмногу ви се допадна.
ЦЕЗАР САЛАТА
Состојки:
150 гр. домат
100 гр. краставица
1 главичка кромид
1 црвена пиперка
1 јајце
неколку потпечени лепчиња
неколку листови марула
неколку филувани зелени маслинки
маслиново масло
сол
прелив за салати
Начин на подготовка:
Марулата ја сечкаме на поголеми парчиња. Ги додаваме доматот, краставицата и пиперката. Кромидот и јајцето ги сечкаме на кругови и ги додаваме во салатата. Потоа ги додаваме и маслинките и потпечените лепчиња. Посолуваме, додаваме масло за јадење и прелив за салати. Се заедно измешуваме.
ПОСНА САЛАТА ОД БУКОВКИ
Состојки:
200 гр. буковки (печурки)
500 гр. ориз
50 гр. растителен кашкавал
100 гр. домати
50 гр. кечап
маслиново масло
црн пипер
сол
вегета
Начин на подготовка:
На претходно сварениот ориз му ги додаваме буковките (маринирани или печени и исечкани на ситни коцки), кашкавалот и ситно исечканите домати. Ги додаваме маслиновото масло и зачините и сето тоа заедно го измешуваме. Се сервира во чинија, одозгора попрсканa со кечап.
ПОСНА ЗЕЛЕНА САЛАТА СО ТУНА
Состојки:
150 гр. марула
185 гр. туна
100 гр. домати
100 гр. краставици
100 гр. млад кромид
1 лимон
маслиново масло
сол
Начин на подготовка:
Марулата, претходно убаво измиена, ја кинеме на парчиња. Краставицата и доматот ги сечеме на крупни парчиња. Ја додаваме туната од конзерва, ја зачинуваме салатата и внимателно мешаме. Салатата ја сервираме во чинија, и одозгора ја попрскуваме со сечкано младо кромитче и со исцеден лимон.