Како да знаете кои житарки можат да ве здебелат, а со кои едноставно ќе се чувствувате сити, а притоа нема да влијае на вашата тежина? Житарките со сигурност се најдобриот утрински избор кој може да го направите.
Секогаш одбирајте житарки кои не се дополнително засладени и кои немаат високо ниво на калории.
ЈОГУРТ СО ЖИТАРКИ И ОВОШЕН КОМПОТ
Оброк богат со Витамин Ц, калциум, железо; 165 калории.
Одличен избор за појадок. Јогуртот (изберете јогурт со помалку масти) содржи калциум, житарките – растителни влакна, а компотот – витамин Ц и влакна.
ЖИТАРКИ
Оброк богат со витамин Б, протеини, влакна, железо, калциум; 225 калории.
Житарките се нискокалорични, содржат мала количина на шеќер и брзо се варат. Треба подолго време да се џвакаат, со што се намалува апетитот и се добива чувство на ситост.
КАША СО ОВЕС И СУВО ОВОШЈЕ
Оброк богат со витамин Б, антиоксиданси, влакна; 293 калории.
Кашата со овес има влакна во неа што помагаат при намалување на холестеролот во крвта и регулирање на шеќерот. Лесно се вари и дава долготрајна енергија. Сувото овошје е богато со природен шеќер и железо.
ЧОКОЛАДНИ СНЕГУЛКИ
Оброк богат со Витамин Б, железо; 175 калории.
Овој оброк е ист како чоколаден бисквит. Содржи многу шеќер и малку влакна, наеднаш ја подигнува енергијата и брзо ја спушта.
ПЧЕНКАРНИ СНЕГУЛКИ СО РАЗЛИЧНИ ДОДАТОЦИ
Оброк богат со витамин Б, железо, фолна киселина; 180 калории.
Овие снегулки изгледаат како едноставен и лесен оброк, но тие содржат премногу шеќер, дури и повеќе од некои обилни десерти, па затоа не ги препорачуваме за појадок.
ОБИЧНИ ПЧЕНКАРНИ СНЕГУЛКИ
Оброк богат со витамини Б, железо, фолна киселина; 172 калории.
Овие житарки лесно се варат затоа што содржат мали количества на шеќер и масти. Тие не содржат растителни влакна, па затоа може оброкот да се збогати со свежо овошје.