Многу луѓе нарачуваат битер-лемон во кафичите во текот на жешките летни денови, а овој освежителен пијалок е уште повкусен кога сами ќе го подготвите.
Ако сте и вие љубител на овој напиток кој одлично ја гаси жедта, еве рецепт со чија помош ќе можете сами да го направите овој пијалок во својата кујна.
Состојки:
- пола килограм лимон
- 1 грејпфрут
- 1 килограм шеќер
- 6 пакетчиња лимонтус
Подготовка:
Лимонот и грејпфрутот држете ги потопени 24 часа во раствор од сода бикарбона, а потоа извадете ги и добро ги измијте.
Смелете ги со машина за месо или блендер и процедете низ газа.
Додадете 2 литри вода, 1 килограм шеќер и 6 пакетчиња лимонтус. Мешајте додека шеќерот и лимонтусот не се растопат, па претурете во шишиња.
Пијте го разреден со ладна минерална или обична вода.