Зошто да фрлате пари за набавка на вода збогатена со витамини, кога исти таков пијалок, само уште подобар, можете да го направете сами.
Витаминската вода се прави многу лесно, а притоа е многу поздрава од набавната. Затоа, направете сами освежителен пијалок, кој ќе ви помогне и да го прочистете организмот.
Состојќи:
- 2 литри вода
- 1 лажичка свежо рендан ѓумбир
- 1 краставица (средна величина)
- 1 лимон
- 12 ливчиња нане
Подготовка:
Краставицата и лимонот исечете ги на парчиња, доколку имате домашни производи пожелно е да ги користите со кората. Изренданиот ѓумбир ставете го во тегла и додадете ги останатите состојќи и прелијте со вода. Мешавината ставете ја во фрижидер и оставете да одстои најмалку 8 часа, а привремено полека промешајте. Состојќите во домашната витаминска вода имаат особено добар ефект врз стомакот, бидејќи го помага варењето на храната, а освен тоа го ослободуваат телото од насобраните токсини.