Ова е идеално решение ако ви се јаде нешто слатко, а едноставно и подготвено на брзина.
Состојќи:
- 1/4 шоља од омилениот чоколаден крем
- 1 јајце
Подготовка:
Сипете го чоколадниот крем во шољата, а потоа додадете го јајцето. Матете со вилушка така што состојќите да се соединат и ставете во микробранова печка на 90 секунди.
Извадете го и оставете го малку да се олади и колачот е спремен за јадење. По желба можете да го украсете и со шлаг, сладолед или слатка павлака.
На здравје! 🙂