Да ги разбиеме млечните митови! Што всушност значат броевите на дното на амбалажите?

Спонзорирани линкови

Последниве години во медиумите и на социјалните мрежи сретнувавме различни информации за тоа што значат броевите на дното од пакувањето на млекото.

Пласираните информации, првенствено низ светските медиуми, и тоа претежно оние кои се ориентирани кон теми поврзани со здравата исхрана, се однесуваа на тоа дека овие бројки, всушност, значат колку пати е преработено млекото, што предизвика низа сомневања и кај македонската публика.

Информацијата отиде дотаму што се пишуваше дека според законските прописи, млекото на кое ќе му истече рокот, доколку се врати на пастеризација на 190˚С, може потоа повторно да се консумира. Медиумите се осврнуваа на некои законски нормативи дека тоа може да се прави 5 пати, па тука ја најдоа причината зошто на дното на некои амбалажи има броеви од 1 до 5, во смисла дека 1 е со најдобар квалитет, додека 5 значи дека на млекото 5 пати му истекол рокот и е 5 пати преработено.

Сепак, фактите говорат дека овие информации не се точни. Имено, со цел да добиеме точни и прецизни информации за значењето на овие броеви, одговор побаравме од неколку релевантни компании кои најдобро би знаеле да го разбијат овој мит.

Имено, од „Битолска млекара“ велат дека во Македонија воопшто и не постои линија за стерилизација (пастеризација) на 190 степени.

„Во млекарската индустрија не постои технологија со која еднаш стерилизирано млеко може повторно да оди на температура на стерилизација, без притоа да се случат биохемиски процеси кои крајно и видливо ќе го нарушат составот на млекото, односно ќе го направат неупотребливо за исхрана. Имено, стерилизацијата е термички процес кој еднократно се применува во млекарската индустрија со цел да се добие производ со добар микробиолошки квалитет и максимален рок на траење од 6 месеци. На дното на нашите амбалажи броевите коишто се испишани се технички информации на производителот на амбалажата, а втиснатите броеви означуваат со која полнилка на машината е наполнет соодветниот производ. Овие бројки се многу важни за нашиот систем на следливост, односно во случај на добивање одредена рекламација за производите, поефикасно да се дојде до коренот на евентуалниот проблем со полнилката“, вели Радмила Чобанова-Василевска, директор за контрола на квалитетот во „Битолска млекара“.

На истава тема се обративме и во млекарницата „Здравје Радово“, со цел да ја утврдиме релевантноста на информацијата.

Според Сашо Василевски, технички директор во млекарницата „Здравје Радово“, темата стана актуелна последниве години. Станува збор за класична дезинформација. За појаснување, млекото во својот состав содржи протеини, јаглени хидрати (шеќери), масти, витамини, минерали и вода. Самиот состав на млекото не дозволува повеќекратни термички третмани. Доколку млекото термички се третира повеќе пати, млечниот шеќер (лактозата) ќе карамелизира, што би резултирало со промена на бојата и вкусот на млекото. Протеините ќе денатурираат, односно нивното разложување ќе го блокира процесот на стерилизација со што производот станува неупотреблив за исхрана. Клучното прашање што се наметнува е во значењето на бројките на дното од амбалажата. Производителот на амбалажата и производителот на машината за пакување ги користат овие бројки како ознаки за следење на производниот процес. Почитувајќи ги стандардите за квалитет и безбедност, следливоста е наша задолжителна обврска. Целта е да имаме можност да го следиме квалитетот на секој наш одделен производ во секое време.

Со цел да ги потврдиме информациите добиени од двете најголеми млекарници во земјава, се обративме и до производителите на амбалажи, кои истовремено се и нивни добавувачи, „SIG Combibloc“ и „Тетра Пак“.

Од „SIG Combibloc“ велат дека броевите поставени на дното на секое пакување се технички информации релевантни за нив како добавувач на материјали за пакување и се користат за внатрешна контрола на квалитетот и за следење.

„Оваа информација е референца единствено за материјалот на пакувањето и не е релевантна за ниту еден производ кој се наоѓа во амбалажата. ‚SIG Combibloc‛ има воспоставен систем за идентификување на серијата на производите, со цел да може да се следат суровите материјали од преработка до дистрибуција“, изјави Масимо Анаратоне, извршен директор на „SIG Combibloc“, Италија – директор на продажба за Југоисточна Европа.

Илустративно, нивното објаснување изгледа вака:

Во овој случај бројот 8, или т.н. Blank identification, укажува од која ролна доаѓа амбалажата.

Бројот 488 933, или т.н. Print number, укажува на единствениот код за распознавање кој е поврзан со секој поединечен производен дизајн.

Во овој случај, втиснатиот број 1, или т.н. Track number, укажува на машината за полнење каде што е формирана амбалажата.

Сите овие броеви, велат од „SIG Combibloc“, се неопходни записи кои се достапни за да се обезбедат докази за ефективното функционирање на системот за управување на компанијата и за производствениот процес.

Со цел да ја заокружиме потврдата на оваа информација, изјава побаравме и од производителот на материјали за амбалажи „Тетра Пак“, кој исто така е добавувач и на „Битолска млекара“ и на „Здравје Радово“, но нивните пакувања се разликуваат од оние на „SIG Combibloc“. Оттаму велат дека броевите на дното на амбалажата се користат исто така за нивни интерен процес на квалитет во случај на рекламации.

„Овие броеви на дното на амбалажите кои ги користиме за млеко или за сокови, се однесуваат исклучиво на начинот на кој самиот материјал на амбалажата е продуциран и на ниту еден начин не се поврзани со производот кој се наоѓа внатре. Тоа се серии на броеви кои се додаваат однапред, во самиот процес на производство на амбалажата, со цел да им овозможи на производителите на храна да го идентификуваат конкретното пакување во случај на проблем со неговиот квалитет“, ни изјави Јован Глигоревиќ, директор на фабриката „Тетра Пак“ во Горњи Милановац.

Од „Тетра Пак“ објаснуваат дека секој број ја претставува специфичната лента или позицијата на поголемата ролна хартија што се внесува во печатарската преса, на начин како лентите на автопат. За некои пакувања (на пр., од 1 л) постојат 5 производствени ленти (линии), а за некои поголеми пакувања и до 12 линии. Еден број секогаш недостасува од секвенцата или, пак, секвенцата е проследена со буквата L и уште еден дополнителен број. И двата случаја укажуваат на конкретната лента на тоа пакување во производствениот процес на „Тетра Пак“. На пример, доколку од секвенцата недостасува бројот 4 или, пак, на крајот од броевите е испишано L4, тоа значи дека конкретната амбалажа била испечатена на четвртата лента од големата ролна производствен материјал. Ова се два метода за идентификација што се користат за да се обележи одредена производствена лента, објаснуваат од „Тетра Пак“.

Врз основа на сите овие информации, на самиот крај без никаков сомнеж можеме да кажеме дека броевите на дното на амбалажите се чисто технички информации кои немаат никаква допирна точка со самиот производ и во никаков случај не означуваат дека млекото е неколку пати пастеризирано.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Концерт на Теа Таировиќ на 30 ноември во Скопје
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Избор
После колку удари се предаваш?
Предновогодишна генералка
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford