Хормонот тестостерон предизвикува автоматска реакција кај мажите кога тие се соочуваат со жените, поттикнувајки ги на барање на можност за сексуален однос без разлика дали жената е привлечна или не, покажува една нова студија.
Резултатите од истражувањата се објавени во списанието Hormones and Behaviour, а во испитувањето учествувале 63 момчиња, студенти на возраст од 21 до 25 години кои не знаеле за целта на истражувањето.
После 300 секунди поминати на само со жена која што предходно ја немаат запознаено, а која во некои ситуации не им се допаднала, нивото на тестостеронот кај машките пораснала во просек за 8%.
Нивото на тестостеронот раслело подеднакво без оглед на тоа дали тие разговарале со жена која ја сметаат за привлечна или жена која не им се допаѓа.
Растот на нивото на тестостеронот покажува видливи промени во однесувањето на мажите во присуство на жена, вклучувајки подигање на рамена, издигнување на градниот кош, посилни гестикулации со рацете, дури и ширење на ноздрите.
Зголеменото ниво на машкиот хормон е можеби причината зашто мажите им раскажуваат на жените муабети за сопствените бизниси, кариери, образование, или заработката -велат научниците.
Знаеме дека жените може да ги привлечат тие работи – изјави лидерот на ова истражување од институтот Groningen во Холандија.
Кај мажите кои поседуваат поаграсивен и подоминантен пристап нивото на тестостеронот е повисоко од просечното. Резултатите покажале дека нивото на тестостеронот кај испитаниците не се менувало кога во просторијата биле со друг маж.