Во денешно време постојат многу правила кога станува збор за здравјето. Луѓето мислат дека секое правило мора да се почитува доколку сакаат да видат подобри резултати во исхраната или пак во вежбањето.
Но, секое тело и секој организам е различен. На некој нешто му одговара, а на друг не! Затоа најубаво е да се придржувате до некои правила, но не толку ригорозно. Ние одделивме неколку правила кои не мора целосно да ги применувате.
Држете се подалеку од луѓе кои имаат настинка
Се додека болните немаат бронхитис или некоја друга заразна болест, во ред е да бидете во нивна околина. Но, ако не сакате да префатите настинка, измијте ги рацете со топла вода и сапун, затоа што бактериите се шират преку контакт.
Потребни се 8 часа сон
Многу луѓе целат кон тоа да спијат 8 часа, но секој е различен. Податоците покажуваат дека луѓето што спијат 7 часа живеат подолго. Дали сте наспани или изморени наредниот ден? Решението лежи во одговорот.
Консумирајте 5 до 7 пати овошје и зеленчук во текот на денот
Не постои истражување кое покажува која количина е оптимална. Но, постојат студии кои покажуваат дека луѓето што консумираат поголема количина овошје и зеленчук се поздрави. Затоа јадете доволно овошје и зеленчук, но немојте да бидете опседнати со тоа дека треба да консумирате 5 до 7 пати дневно.
Кога станува збор за вежбањето – без болка нема добивка
Точно е дека мора да вложите труд. Но, не треба да дојдете до самиот раб – не се преморувајте премногу, особено ако вашата цел е да бидете поздрави.
Никогаш не ги прескокнувајте вежбите
Да бидете физички активни е добро за вас, но понекогаш ако земете одмор ќе ви се освежат умот и телото. Со одморот ќе го спречите прегорувањето на телото. Затоа дајте си малку одмор па повторно вратете се на вежбите.
Хранете се колку што можете поздраво секој ден
Сосема е во ред ако понекогаш внесете повеќе калории. Само пробајте ова да не го правите често и во големи количини. Експертите советуваат: “Хранете се здраво цела недела, но во саботите изберете си ја вашата омилена храна. Со ова луѓето имаат нешто на што се радуваат и тоа им помага да се држат до планот на здрава исхрана.”
Жените не треба да креваат тегови освен ако сакаат големи мускули
Жените немаат доволно тестостерон или други машки хормони кои се потребни за да се изградат големи мускули. Ако кревате тегови со мала тежина повеќе пати ќе ги оформите мускулите, но нема да ги зголемите.
Пијте 8 чаши вода дневно
Да бидете хидрирани е добра идеја, но не мислете само на тоа колку вода внесувате. И другите течности се бројат. Исто како и храната – краставица, лубеница и супа.