Програмерот Маркус Персон ја поседува најскапата куќа на светот вредна околу 70. милиони долари. Објектот се наоѓа на Беверли Хилс, а истата вила ја надгледувале и славната пејачка Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи.
Преубавата куќа на програмерот Маркус Персон, творец на популарната игра Minecraft, претставува едно сосема нереално здание на Беверли Хилс кое остава без здив.
Персон, кој се збогатил кога на Microsoft му ја продал својата компанија Mojang за две ипол милијарди долари, без проблем платил 70 милиони долари за една од најскапите вили на Беверли Хилс.
Триесетипетгодишниот Швеѓанин така и успеал да стане сопственик на оваа луксузна вила за која се интересирале и други луѓе, помеѓу кои и еден од најбогатите парови, Бијонсе и Џеј Зи.
Куќата е опремена со осум спални соби, вински подрум, џакузи, кино сала, базен и гаража со 16 места. Освен тоа, оваа куќа има и ѕид на кој се наоѓаат дури 25 различни видови на слатки и скулптури направени од M&M бонбони, а проектирана е од страна на Брус Маковски.
На трпезариската маса има место за 24 лица а во вилата има дури 15 бањи.