Едно е сигурно, парите не се синоним за среќа!
Во едно истражување во кое учествувале над 2000 американски милионери имале за задача да одговорат на едно единствено прашање – за што најмногу се каат во животот.
Се покажало дека воглавно сé се врти околу луѓето што ги сакаат. На прво место биле лошите односи со семејството, потоа краткото време поминато со најблиските, а на трето место е пропуштањето на некои други прилики.
На четврто место е (не)грижата за здравјето, а на петто и шесто место на листата на покајанија се лошите одлуки во однос на работата, како и премногу време потрошено на градењето на кариера.