Претворете го летниот одмор со партнерот во поинакво уживање и почувствувајте како е да се преспие барем една ноќ во еден од овие прекрасно уредени сплавови.
Откога ќе поминете една ноќ во овие сплавови, бидете сигурни дека повеќе никогаш нема да посакате да се сместите во стандарден хотел.
1. Париз
Ако градот на љубовта е вашата следна дестинација, тогаш ова нека биде вашиот престој. Овој сплав поседува приватна палуба за уживање во текот на денот и чини 152 евра за едно ноќевање.
2. Сиетл
Чувствувајте се како дома, во ова удобно катче кое е само на неколку минути од центарот на градот. Цената за едно ноќевање е 150 евра.
3. Саусалито, Калифорнија
Сплавовите потекнуваат уште од 1934 година, а една ноќ во нив ќе ве чини 200 долари.
4. Лондон
Удобно катче над реката Темза во срцето на Лондон. Престојот ќе ве чини 225 евра за една ноќ.
5. Њу Орлеанс
Луксузно и отмено, овие сплавови се далеку подобри од хотел, а за една ноќ треба да одвоите 225 долари.
6. Портланд
За ваков одмор во Портланд треба да издвоите 400 долари од ноќ.
7. Амстердам
Престојувајте на мирна и тивка локација, а само на неколку минути од градот. Една ноќ ќе ве чини 152 евра.