“Buzzfeed” објави видео листа од осум најопасни јадења на светот, кои можат да бидат смртоносни доколку не се подготват како што треба, или ако едноставно изедете поголема количина од нив.
Некои од јадењата изгледаат страшно, како крв-школките кои што можат да предизвикаат симптоми слични на грип ако се јадат свежи, па дури и Хепатит А.
Фугу рибата, која се смета за најголем деликатес во Јапонија, мора да биде подготвена од готвач кој бил обучуван со години за тоа како да ја подготвува оваа смртоносна риба. Доколку готвачот погреши во готвењето, тогаш ризикувате со јадењето да го внесете отровот кој рибата го има во црниот дроб, а кој е 1.000 пати посмртоносен од цијанидот.