Уште пред неколку илјади години, Египќаните имале природни лекови за голем дел од болестите, а пронашле и начин како да направат домашен тест за бременост.
Техниката била мошне едноставна. Се ставаат неколку зрна пченица и зрна јачмен во сад, во кој жената уринира. Се покрива садот со крпа, а резултатите се проверуваат следниот ден.
Ако зрната изртат значи дека жената е бремена. Постои и теорија дека во зависност од тоа кои зрна повеќе прортеле, може да се одреди полот на детето.
Инку научниците ја потврдија валидноста на тестот уште во 60-тите години на минатиот век. Според нив, египетскиот тест покажува точни резултати во 70% од случаите, што и не е така помала точност во споредба со денешните, особено оние најевтините.
Што се однесува до полот на детето, научниците не нашле поврзаност.
Инаку, тестот работи на прилично истиот принцип како и модерните, детектирајќи ги хемиските промени кои се присутни само кај бремените жени.