Зграпчете го денот, откако претходно ќе размислите во која активност највеќе уживате.
Ниту диета, ниту посета на психолог, ниту одмор на пуст остров, ништо од тоа не ви е потребно за да се чувствувате добро. Потребни ви се само позитивни мисли, убави зборови и добри пријатели. Еве 6 лекции за подобро „јас“.
Имајте забава, тоа ве држи млади!
Да, толку е едноставно. Тренирајте, предизвикувајте се себе си и чувствувајте се како дете. Зграпчете го денот, откако претходно ќе размислите во која активност највеќе уживате.
Самодовербата е клучот!
Верувајте во себе и грижете се помалку што другите мислат, а повеќе да го правите она што е правилно за вас. Следете го своето срце, тоа ќе ве одведе до најдобрата вие.
Убавината доаѓа однатре!
Дури и да изедовте цела чоколада од 100 грама, имате акна на носот или се чувствувате истоштени, кажете си себе си: „Насмевни се“. Никој не ги забележува несовршеностите, но секој го забележува лошото расположение.
Можеби никогаш нема да бидете совршена убавица, но секогаш можете да се обидете да бидете прекрасна личност. Тоа може да биде дури и поатрактивно! Ставете крај на вашиот дождлив ден.
Грижата за себе е работа број 1!
Никој друг не може да го стори тоа за вас. Да се ставите себе си на листата на вашите приоритети не е себично, тоа е всушност самоодржување.
Денес е време за нов почеток!
Можеби во моментот седите пред тастатурата и ги грицкате ноктите или пак до вас е третото парче од вашата омилена торта. Без разлика колку и да се лоши вашите навики до сега, ако ги смените денес, тие може да бидат поздрави утре.
Ова е вашиот момент!
Секогаш има работа која треба да се заврши, сметки кои треба да бидат платени и килограми за губење, но заборавете на се тоа и живејте го секој момент со полн здив. Се останато може да почека. Токму сега е единствениот момент кој постои, направете го вреден.