Животот ви станува монотон и ви недостига енергија и свежина. Емоциите одамна не се на вашето дневно мени.
Еве што мора да направите денес за да си го подобрите расположението:
СРЕДЕТЕ СИ ГО КРЕВЕТОТ
Сигурно кога ќе станете поспани последното нешто кое ви е на ум е до го наместите креветот.
Сепак добро е да го започнете денот до малку организација и продуктивност. Плус е ако ви дојде некој ненајавен гостин или вечерта сте уморни и едвај чекате да си легнете помеѓу уредните прекривки.
ПОДЕЛЕТЕ НЕКОЈ КОМПЛИМЕНТ
Обичен комплимент може да разубави нечиј ден. Потсетете се како пријателката ве качи на седмо небо кога ви ги пофали новите чевли.
Барем еднаш на ден кажете му некому колку добро изгледа или колку добро сработил нешто.
СМЕЈТЕ СЕ
Ден без смеа е најстрашното сценарио. Секој ден пронаоѓајте си нешто што ве смее и ве прави среќна.
Смеењето е заразно, па ако вие започнете да се смеете како „хиена“. Набргу ќе започнат и другите.
ПРОБАЈТЕ НЕШТО НОВО
Нов вид на кафе или поинаква маршута до работа ќе ви го промени целиот ден. Ќе имате нова перспектива на животот и ќе бидете подготвени за нова возбуда.
НАПРАВЕТЕ ГЕСТ НА ДОБРИНА
Направете нешто добро за некој кој не го знаете без очекувања за возврат.
Придржете му ја вратата на странец или почестете некој кафе, светот набргу ќе стане подобро место за живеење.
НАПРАВЕТЕ НЕШТО ЗНАЧАЈНО
Држете ги значајните луѓе блиску до вас секој ден, посетувајте ги и местата кои ви значат и правете работи кои ќе остават трага.
БИДЕТЕ БЛАГОДАРНИ
За да го цените секој ден треба да бидете благодарни за она што го имате.
На крајот од денот секогаш застанете и размислете што цените што ви се случило тој ден. Дали тоа е партнерот или тоа што имате полн стомак?
На овој начин ќе сфатите колку сте благословени и ќе бидете среќна во врска со својот живот.
КАЖЕТЕ НЕКОМУ ДЕКА ГО САКАТЕ
Сигурно ги сакате своите родители, но тоа речиси никогаш не им го кажувате.
Малата фраза „те сакам“ трудете се секој ден да ја кажувате некому.