Дамите и господата од Викторијанската епоха требало да следат бројни правила за однесување.
Дел од нив биле смешни и најдобро е да останат закопани во минатото, но добар дел вреди да се следат и денес.
Еве 8 значајни да ги запомните:
НАУЧЕТЕ ДА ВЛАДЕЕТЕ СО СЕБЕСИ.
Вие сте возрасна жена, способна да се грижи за себеси. Престанете да се потпирате на партнерот или родителите, згответе си своја храна, направете си свој распоред. Вашата самостојност никогаш не смее да избледи.
РАЗГОВОР НЕ Е ДА ЗБОРУВАТЕ НЕПРЕКИНАТО, ТУКУ НАИЗМЕНИЧНО ДА СЛУШАТЕ И ЗБОРУВАТЕ.
Не смеете да доминирате во разговорите, да ги сечете другите среде реченица и да ги прекинувате луѓето кои водат приватни разговори.
Водете културни разговори, а не само онакви поттикнати од користољубие или пропаганда.
АКО ЗБОРУВАТЕ СО ЛУЃЕ КОИ ЗНААТ ПОМАЛКУ ОД ВАС, НЕ ВОДЕТЕ ГО РАЗГОВОРОТ ОНАМУ КАДЕ ШТО НЕ МОЖАТ ДА ГО СЛЕДАТ.
Ако сте дипломирале на природно математичкиот факултет не треба 12 годишниот внук да го малтретирате со разговори за пресметки и статистики.
Покажете почит и водете разговори на теми од заеднички интерес, кои нема да и бидат здодевни и некомфорни на другата личност.
МАЖОТ ТРЕБА ДА БИДЕ ВИДЕН, А НЕ НАМИРИСАН. ПРЕТЕРАНОТО СТАВАЊЕ НА ПАРФЕМ Е ЗНАК НА ЛОШ ВКУС.
Сигурно и вие се давите кога ќе ви се приближи маж кој ставил на себе половина шишенце парфем.
Повеќе тешки мириси на едно место и ете ја вашата главоболка. Малку парфем, ќе заврши голема работа.
БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ ЗА НАСТАНИТЕ, НО ИЗОЛИРАНИ ОД ОЗБОРУВАЊАТА.
Се повеќе сме незаинтересирани за она кое не не забавува. Ја игнорираме економијата, а се концентрираме на животите на јавни личности. За политика не сакаме да чуеме, освен ако не се работи за некој секс скандал.
Треба да започнеме да се информираме малку повеќе за општеството.
АКО СТЕ МЛАДА, ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ ПОСТАРИТЕ. АКО СТЕ СТАРА, ПОКАЖЕТЕ ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА МЛАДИТЕ.
Како постара не можете да очекувате од средношколците да бидат толку мудри и искусни како луѓето на ваша возраст. Тие се грижат за тестот во училиште, вие за дали ќе имате храна во домот, секој со своите проблеми, но различните генерации треба да покажат меѓусебна почит.
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ДА ВЕ ЧЕКААТ, СЕКОГАШ БИДЕТЕ НА ВРЕМЕ.
Имате телефон, имате часовник, нема причина да доцните на закажаните состаноци. Секој пат кога некој ве чека, вие сте некултурна кон него.
НЕ ПРИВЛЕКУВАЈТЕ ВНИМАНИЕ КОН ГРЕШКИТЕ НА ДРУГИТЕ.
Станавме сериџии и само чекаме прилика да им се смееме на грешките на другите. Некој ќе падне или келнерката ќе го испушти послужавникот, а ние покажуваме со прст и се смееме, наместо да им помогнеме.
АКО ДАМА ПОБАРА УСЛУГА ОД МАЖ, ТОЈ НЕ СМЕЕ ДА ЈА ОДБИЕ ПОД НИКАKВИ ОКОЛНОСТИ.
Ова се разбира важи ако барањата се во границите на нормалата. Во Викторијанската епоха било крајно некултурно маж да одбие дама за било каква услуга.
Ахх, зарем ова не би било прекрасно?