Постојано на улица среќаваме тажни и несреќни луѓе. Секој со своја мака и свои проблеми залутано талкаат впуштајќи се во толпата и губејќи се во мнозинството. И секој ден пак истата рутина.
Стануваш, се облекуваш и искачаш пак во истата толпа, бркајќи го времето. Ставаш лажна насмевка за моментите во кои мораш да глумиш лудило и да покажеш пред некој или нешто дека тебе толку многу ти е убаво во животот. И потоа, ја тргаш лажната насмевка, ја вадиш маската и пак истото сивило на лице. . . она кое покажува дека и најмалата тронка на среќа кај тебе оддамна е избледена.
Трката со времето, амбициите за подобро работно место, за поголеми успеси во животот си го наплаќаат својот долг. Се претворивме во роботи кои функционираат според програма и команда. Заборавивме што беше вистинска дружба со најблиските. Заборавивме што значи радување и на најмалиот наш успех. На туѓите и да не споменувам. Зависта е толку голема што и да не си таков човек околината ќе даде се од себе за да го всади тоа во тебе… И на многу други работи е заборавено…
Првата претстава во градинка, толку голема радост би претставувала и за родителот и за детето..ама и тука има проблем. Не дека не можеш да одиш, слободно излези од работа само пред се одлучи дали ќе се согласиш на кратење од плата или пак отказ…
А и тие имаат фамилија,ама што би рекле некои ,,На нив им се може“.
И така во круг… Се додека еден ден не се разбудиме и не сфатиме дека времето пролетало покрај нас..Колку од вас можат да си признаат самите на себе дека до сега исполниле барем пола од работите што ги прават среќни?… Без оправдувања кои си ги даваме самите на себе за да си ја смириме совеста дека ете нештото требало така да биде… Да го препишеме на судбината…
Затоа не очекувајте чуда. Не дека не постојат, туку ретко се случуваат.А во секојдневието постојат барем десет прилики да се насмееме,онака вистиснски од срце,не дека мораме…туку затоа што сакаме, да не создаваме граници за тоа што смееме а што не. Границите постојат само во нашите глави,за кога ќе ги прекршиме или преминеме да имаме чуство на среќа или тага. Затоа преминете ги границите, направете го невозможното-возможно,осетете го адреналинот уживајте го моментот.
Бидете вие главниот креатор на вашата среќа.Затоа што животот нуди нови можности секој ден,само ние треба да ги препознаеме И со насмевка да им пристапиме. Исто како и со човекот – насмевни му се, ќе ти возврати.
Животот е привилегија! А среќата момент кој треба да го направите! Креирајте среќни момент за вас и вашите најсакани. Само тогаш ке бидете вистински среќни!