Михаил Литвак е еден од најпризнатите светски психолози во денешницава. Следниве 20 совети и препораки, иако се кратки, доколку ги разберете и применете во вашиот живот, тогаш за вас нема да постојат никакви препреки.
Др Литвак го развил системот кој го нарекол ,,Психолошко Аикидо,,, и прв тој го применил. Овие 20 работи ако добро ги проучите и применете, тие ќе станат моќно психолошко оружје во вашете раце.
- Ако човек нема што добро да каже за самиот себе, а сепак сака нешто да каже, тој ќе почне да зборува лошо за другите.
- Загризајте во науката (знаењето) кое е од гранит, отколку во вратот на вашите најблиски, доколку веќе сакате да загризувате.
- Депресијата му е дадена на човекот, како би можел да се замисли над себеси.
- Никој никого не отфрлува, само некои луѓе одат напред, некои заостануваат. Оние кои заостануваат се оние кои се чуствуваат отфрлени.
- Ако вие имате добро мислење за себеси, зошто е потребно даи другите имаат добро мислење за вас?
- Ако сакате нешто, не барајте дозвола. Нема да ја добиете.
- Способноста да сакате и добро да се носите со осаменоста е знак дека сте зрела личност. Поточно, подобро функционираме кога сме сами.
- Незрелите личности најчесто имаат големо знаење, меѓутоа не знаат да го применат, додека пак зрелите луѓе имаат големо знаење и знаат како да го применат. Затоа незрелите луѓе зборуваат лошо за другите, додека зрелите делуваат.
- Не знам кој е патот до успехот, но затоа знам кој е патот до неуспехот – желбата да им се допаднеме на сите!
- Не постои машка или женска логика, само способност или неспособност да мудро размислувате.
- Ако сакате да го запознаете својот најголем непријател –погледнете во огледало. Кога ќе се соочите со него, се останато лесно ќе победете.
- Постигни успех, и сите навреди ќе исчезнат.
- Пријатно е да разговараш со пријателите, но корисно е да разговараш и со непријателите.
- Постои само една валидна причина да раскинете со некој, или да прекинете соработка – неможноста на лично надоградување во тие услови.
- Својата радост треба да ја делите и со пријателите и со непријателите. Пријателите ќе се израдуваат, непријателите ќе се вознемират.
- Не трчај по среќата и ќе го пронајдеш местото каде што таа започнува. Среќата ќе те најде тебе. Можам да ви кажам за едно место каде што се наоѓа- во вас. Патот до тоа место е преку развојот на вашите способности до максимум.
- Среќата е нус појава на добро организираното делување.
- Ако сакате нешто да докажете на некоја личност, тоа значи дека живеете за таа личност. Но, ако живеете за себе си, тоа значи дека не морате на никому ништо да му докажувате.
- Фантазијата е гласот на нашите способности. На пример, јас имам желба да пеам во опера, а немам ни глас ни слух, така да тешко дека ќе стигнам до таму. Но, ако мечтаам за нешто што е во склад со моите способности, ќе ги остварам своите сонови прилично брзо. Добро е кога човекот може да си каже сам на себе- се занимавам со обидите да ги остварам своите соништа.
- Подобро е да се комуницира со добра книга, отколку со празен човек.