12 работи во кои жените се подобри од мажите

Спонзорирани линкови

Дали некогаш сте помислиле дека жените имаат подобра генетска предиспозиција да бидат подобри во учењето, водењето хигиена, комуникацијата со други луѓе или менаџирањето? Резултатите на многу истражувања покажуваат дека жената е подобра од мажот во многу работи. Еве некои од нив:

Подобри се во менаџирање и мултитаскинг

Жените се подобри ментори и подобри шефови бидејќи повеќе слушаат и имаат поголемо разбирање за разлика од мажите. Жените се поитри и знаат како да го најдат вистинскиот начин за да ги мотивираат работниците. Исто така, жените се подобри воизвршување на мултитаскинг задачи, што е краен резултат на многу истражувања. Ова се должи на фактот што жените многу пологично им пристапуваат на работите, додека мажите постапуваат водени од својот инстинкт.

 Жените инвестираат помудро

Според истражувањето врз 100.000 инвестициски фондови, женските инвестиции се подобри од оние на мажите. Тоа се должи на фактот што жените повнимателно носат одлуки и повеќе размислуваат на долгорочни патеки, како во љубовните врски, така и за сè останато во животот.

Подобро минуваат на интервјуата за работа

Иако се понервозни пред да започне интервјуто, жените во просек подобро минуваат на ваквите интервјуа бидејќи понапорно се подготвуваат, обрнувајќи внимание на секој детаљ. Универзитетот во Западен Онтарио спровел истражување кое покажало дека жените подобро се носат со стресот поради разговорот за работа.

Жените со еволуцијата стануваат сè поубави

Едно недамнешно истражување покажало дека, со текот на еволуцијата, жените стануваат се поубави, а мажите остануваат исти. Во истражувањето биле следени над 2.000 луѓе во текот на 40 години, а резултатите покажале дека привлечните жени имаат 16% повеќе деца од жените со просечен изглед, и дека убавите луѓе имаат 36% поголема веројатност дека првото дете ќе им биде женско. А тоа значи дека како што доаѓаат новите генерации, се раѓаат сè поубави жени.

Жените се подобри во учењето

Доколку споредите тетратка на момче и девојче кое учат во ист клас во основно училиште, ќе сфатите кој повеќе негува поуредни и поорганизирани навики во учењето. Истражувањата на универзитетите во Џорџија и Колумбија, покажале дека жените имаат подобар пристап кон учењето. Девојките се повнимателни, поодговорни, поуредни и поорганизирани од мажите. Баш поради тоа, дамите речиси секогаш подобро и навремено ги извршуваат своите работни задачи, за разлика од своите машки колеги.

Попаметни се

Истражувачот Џејмс Флин го тестирал коефициентот на интелигенција на луѓето ширум светот. Опфатени биле: САД, Европа, Канада, Нов Зеланд, Аргентина и Естонија. Погодете кој пол во просек покажувал повисоко ниво на IQ!

Повеќе внимаваат на хигиената

Жените се поуредни и многу повеќе внимаваат на личната хигиена, како и на хигиената на просторот околу себе, за разлика од мажите.

Жените се подобри возачи од мажите

Иако сите се убедени во спротивното, жените се повнимателни возачи, затоа што повеќе ги почитуваат сообраќајните правила и многу поголем процент од сообраќајните несреќи се предизвикани од мажи.

Подобри се во барање утеха

Жените почесто зборуваат за своите чувства и умеат полесно да ги искажат своите емоции, за разлика од мажите.

Поголем е бројот на жени кои дипломираат

Иако образованието на жените во минатото била контроверзна тема, во денешно време поголем е бројот на жени кои се запишуваат на факултет. Мажите во просек студираат 5 години подолго од жените, а поголем е и бројот на мажи кои се откажуваат од факултетот.

Поздраво се хранат

Жените консумираат поздрава храна за разлика од мажите и обрнуваат повеќе внимание на својата исхрана. Додека исхраната на мажите повеќе содржи брза храна и црвено месо, во исхраната на жените повеќе доминира овошје и зеленчук.

Имаат појак имунитет и живеат подолго

Тајното оружје за борба против инфекција на жените е естрогенот, кој содржи ензими што спречуваат појава на бактерии и вируси. Во просек, жените живеат 5-10 години подолго од мажите.

Ти се допаѓа? Следи не на Фејсбук и прочитај уште милион вакви текстови…

 

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Концерт на Теа Таировиќ на 30 ноември во Скопје
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Избор
После колку удари се предаваш?
Предновогодишна генералка
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford