Патот до блескаво чиста кујна или бања знае да биде многу трнлив во моментот кога не ред за чистење ќе дојдат местата помеѓу плочките кои иначе ги нарекуваме фуги.
Со цел да ја поедноставиме постапката за домаќинките одлучивме да побараме идеално и ефикасно решение.
Постапката за чистење на фугите малку ќе потрае но резултатите ќе бидат фантастични и те како видливи. Процесот се состои од две фази: чистење со посебно средство и избелување со паста. Средството за чистење и пастата можете да ги направете дома, а постапката прочитајте ја во продолжение.
Средство за чистење на фуги:
- 3 чаши топла вода
- пола чашка дестилиран бел оцет (загреан)
- пола чашка сода бикарбона
- шише со распрскувач
Помешајте ја топлата вода, топлиот оцет и содата бикарбона. Средството за чистење во обилни количини нанесете го на фугите на вашите плочки и почекајте да постои така 30 минути. Потоа избришете ги плочките со топла вода и крпа и поминете на процесот на чистење со паста.
Паста за избелување на фуги
- Сода бикарбона
- Хидроген пероксид
Во зависнот од тоа колкава површина сакате да поминете, промешајте доволна количина на хидроген пероксид и сода бикарбона додека не добиете густа паста. Нанесете ја пастата на фугите и оставете ја да постои еден час. Потоа со острата и тврда страна на кујнски сунѓер истругајте ги фугите а на крај да ги исчистите остатоците од паста со топла вода.
Совети:
Очистените е и суви фуги можете да ги поминете со восок за автомобили. Тенкиот слој на восок ќе го спречи задржувањето на водата на фугите а со тоа ќе се намали нечистотијата која би се задржала на нив.