Се смета дека критериумите за женска убавина се менуваат од една епоха до друга и од континент до континент, но една студија покажала дека на машките не им е битно да биде ниту плавуша ниту бринета, пред се да биде витка и еластична.
Компаративна студија на класична англиска, кинеска и индиска книжевност – ја дала потполната теза според која мажите несвесно се раководат во која лежи виткоста на женското тело, како доказ за неоспорено добро здравје и плодно тело.
Научниците при универзитетите Аустин од Тексас и Харвард се обиделе да направат истражување со кое ќе се потврди точноста на тезата и да направат статистика. Градите, струкот и бутовите – ерогените зони – фигурираат во литературните описи, но најчесто се истакнува “виткоста на телото”.
Во англиската книжевност која ја препорачале научниците, витката фигура се споменува 65 пати, во однос на градите кои се споменати само 16 пати, 12 пати е споменат струкот и само во два случаја задникот и бутовите.
Во индиските епови Рамајани и Махабарти 36 пати се слави виткоста и грациозноста на фигурата, а 26 пати се останатите делови од женската анатомија. Во кинеската поезија помеѓу 4 и 6-тиот век 17 пати се споменува женската фигура и ниеден друг дел од телото. Дури еден стих зборува за убавите нозе.
Во денешно време медицината укажува на поврзаност помеѓу дебелиот стомак и недостаток на естероген, што ја намалува плодноста и ги зголемува здравствените ризици.