На фотографиите со кои Ванг ја претставува својата нова колекција, може да се види манекенката Ана Евер како “од мајка родена”, со фармерките спуштени на ножните зглобови позира пред фотографот. Да го немаше написот “Denim x Alexandar Vang”, најверојатно никогаш не би погодиле за што е рекламата.
Иако контраверзните и провокативни реклами не се ништо ново во светот на модата, овие фотки направија вистински метеж во модната индустрија.
Без оглед на тоа дали разголените фотографии кои ја претставуваат неговата колекција ги сметате за уметнички или вулгарни, Ванг вели дека границиата е добра бизнис стратегија. Еднаш кога ќе ги видите, нема да може да престанете да размислувате за нив”.
Дизајнерот нагласува дека е свесен дека има и такви кои ќе го критикуваат, но намерата му била да “испровоцира комуникација”.