Ноктите со маникир оставаат впечаток на личност која се грижи и за оние најситните дели на својот изглед, но тоа не значи дека морате редовно да ги посетувате козметичките салони за да го добиете тоа што го сакате.
Сето тоа можете да го направите сами, дома, со сопствен прибор за маникир кој можете да го купите во било која аптека, а тоа секогаш е исплатлива инвестиција. За да си направите сами маникир, мора да разберете неколку основни чекори. Прво, најдете некое светло место.
Потоа следете ги следниве неколку чекори кои ќе резултираат со совршен маникир на вашите нокти.
ПРВ ЧЕКОР:
Темелно измијте ги рацете со топла вода и сапун, а потоа добро исушете ги. Ако претходно сте имале некој лак на ноктите, извадете го со ацетон кој по можност би требало да биде на база на масло бидејќи таквиот ацетон е помалку агресивен за ноктите и кожичките околу нив.
ВТОР ЧЕКОР:
Нанесете течност за отстранување на кутикулите и за време на нејзиното делување истурпијајте ги ноктите во саканиот облик така што ќе добиете природен облик на ноктите. Потоа подбутнете ги кутикулите со специјално дрвено или метално помагало за оваа намена, па така, подоцна кутикулите сами ќе се одвојат од ноктот. Овој начин е многу подобар, отколку да ги сечете кутикулите, бидејќи тие подоцна ќе станат тврди и тешко ќе се отстрануваат.
ТРЕТ ЧЕКОР:
Во сад со млака вода додајте парче лимон или цитрон. Ставете ги рацете во садот и држете ги неколку минути. Овошјето во водата ќе допринесе да ги исчистите долните делови на ноктите и да ги избелите по природен пат. Откако ќе завршите со овој третман, избришете ги рацете со пешкир, а пото хидратизирајте ги со тенок слој маска за раце.
ЧЕТВРТ ЧЕКОР:
Замотајте ги рацете во ракавици или пешкир кој претходно сте го загреале на греалката или парното. Така замотани оставете ги да мируваат околу 5 минути. Ова е потребно за да и овозможите на маската која претходно ја нанесовте, да продре длабински во вашата коша и темелно да ја нахрани.
ПЕТТИ ЧЕКОР:
Маската од рацете извадете ја едноставно, со млаз топла вода. Никако не заборавајте после секое миење на рацете и ноктите, темелно да ги исушите со пешкир, бидејќи остатоците од вода на рацете ја сушат кожата.
ШЕСТИ ЧЕКОР:
Ноктите исполирајте ги и со полир-турпија, така што нежно ќе поминувате со неа по површината на ноктот, а целта е да се исфрли мрснотијата од ноктот. Овој чекор заборавете го ако имате природно суви нокти кои „цветат”, односно кои се лупат по површината.
СЕДМИ ЧЕКОР:
Рацете и ноктите масирајте ги со хидратантна крема за раце, а ако кожата ви е многу сува и груба, употребете некоја помасна крема. Со кружни движења масирајте го секој дел на раката, вклучувајќи ги и ноктите на кои ваквата хидратација добро ќе им дојде.
ОСМИ ЧЕКОР:
Пред да ги лакирате, секој нокот темелно исчистете го со ацетон, бидејќи после нанесувањето на кремот тие се лизгави и не можат добро да го поднесат лакот за нокти. Пожелно е пред нанесувањето на лакот да ставите подлога што ќе му овозможи на лакот да остане подолго на вашите нокти.
ДЕВЕТИ ЧЕКОР:
Откако ќе се исуши подлогата, лакирајте ги ноктите со некој лак од вашата колекција, со тоа што, ако се одлучите за лак со поинтензивни бои, како на пример, црвен, син, виолетов, тогаш задолжително нанесете два слоја.
ДЕСЕТИ ЧЕКОР:
Почекајте неколку минути да се исуши лакот, а потоа нанесете масло за кутикули кое добро ќе го триете на ноктите и кутикулите. Маслото ќе ги нахрани и ќе го спречи оштетувањето, а кожата околу ноктите ќе биде мека и нежна.