Поради ладниот воздух и ветерот, нашата кожа, особено делот околу очите, изгледа постаро.
Британски научници пресметале дека зимската сезона не’ прави постари дури за 4,7 години.
Во истражувањето учествувале 5000 жени, на возраст од 27 до 60 години. Тие биле набљудувани во текот на сите четири годишни времиња, при што било забележано дека во зима кожата најмногу трпи. Дури 82 проценти од жените во текот на зимата имале отечени очи и темни кругови околу нив, за разлика од 38 проценти во лето.
Нашата кожа во зима е помалку изложена на сончеви зраци при што доаѓа до недостаток на витамин D. Поради недостаток на сончева светлина во телото се излачува и помалкусеротонин, хормон на среќата кој овозможува да изгледаме поопуштено, а со тоа и поубаво.
Затоа во зима внимавајте на исхраната, нека биде побогата со витамини D и K и секако секојдневно негувајте ја кожата, особено на лицето.