За кои работи за првутот сте мислеле дека се точни? Дали сте 100% сигурни дека се точни?
Белите точки на црната облека се непријатни за сечие око. Тие се речиси премногу мали и скоро невидливи за човековото око. Првутот настанува со обновување на старите клетки.
Од кога ќе се обноват тие клетки, се создаваат мали лушпи кои не се видливи за човековото око.
Кои се честите митови за првутот?
Стресот е причина за првутот
Погрешно, но не постои теорија која го докажува спротивното. Првутот се појавува како последица од иритациите на габите кои се појавуваат на скалпот на главата. Имунолошкиот систем ослабува, а стресот може да допринесе за зголемување на проблемот.
Сувата кожа предизвикува првут
Ова мислење е сосема погрешно. Првутот се појавува и на сув и на масен скалп, но најмногу е застапен на масниот скалп. Делот каде се појавил првутот има оштетена кожа и поради тоа е подложна на иритации.
Скалпот од иритацијата, ги тера луѓето да се чешаат без да се забележат луѓето дека го прават тоа. Чешањето уште повеќе го влошува првутот и го оштетува коренот на косата.
Првутот се пренесува преку туѓи чешели
Првутот не е заразна болест која се пренесува преку чешели или перници. Габата се појавува само кај оние кои имаат предиспозиции. Во тие случаи, габата напаѓа и предизвикува појава на првут.
Првут се добива од користење погрешни производи
Неточно. Производите за нега на косата и третманите не можат да предизвикаат појава на првут. Тие можат да ја влошат состојбата, но во никој случај не можат да бидат главната причина за неговата појава.
Агресивните шампони кои содржат алкохол, избелувањето на косата, боењето, производите за трајно обликување, го тргаат природниот сјај и масленост од скалпот па затоа не можат да ја заштитат кожата и така помагаат при зголемена појава на првутот.
Првутот се лечи само со лекови на рецепт
Ова во никој случај не е вистинито. Сите симптоми кои се поврзани со првутот, како што се грубата кожа, скалпот, црвенилото, чешањето и непријатните чувства можат успешно да се негуваат со посебни производи кои можат да се набават во било која продавница.