Долната облека на Андрес Сарди ја остави без здив публиката на Модната недела во Мадрид. Станува збор за секси и провокативна долна облека, која ги надовести доминантните трендови.
Па така, идната сезона покрај црната, белата и крематата долна облека, ќе бидат актуелни и моделите во сребрена, сива и метално сина боја.
Што се однесува до материјалите, тука нема никакви новитети: памук, свила, сатен и чипка се незаменливите материјали кога станува збор за долната облека.
Новитет е враќањето на корсетот, но и на трикото. Тоа е добра вест со оглед на тоа дека се работи за модели кои се практични и секси.
Корсетот не мора да се носи само како долна облека, туку и самостојно, со сукњи и панталони, а трикото, покрај тоа што грее подобро од маица, може да послужи и за спиење, но и за заведување…
Што се однесува до кроевите, тангите ја изгубија битката – ги нема многу во новите колекции, за разлика од таканаречените “бразилки” и класични модели.