Неодамна објавена студија покажала дека родителите најмногу жалат за времето кое што, наместо со нивните деца, го поминале на работните места.
Утврдено е дека тричетвртини од родителите жалат за нешто што пропуштиле во раснењето на своите деца. Две третини признаваат дека би постапиле на сосема друг начин доколку би можеле да го вратат времето назад.
Шест од десетте испитани родители кои имаат повеќе од едно дете кажуваат дека го промениле пристапот со другото дете како би ги избегнале пропустите и чуството дека нешто погрешно направиле.Четвртина од родителите им го кажале овој совет на своите пријатели кои сеуште немаат деца.
Освен за поголемото време поминато на работното место, родителите исто така жалат за времето кое го поминале грижејќи се за небитни работи, недоволно поминато време со децата во игра, и сметаат дека имало потреба почесто да земаат годижни одмори за времето да го поминат со своите деца.
Повеќеод половина од испитаните родители жалат што не поминувале квалитетно време со своите деца додека биле помлади, додека пак 63 % жалат што не посетувале спортски активности заедно со најмилите.
Истражувачите одкриваат дека 46 % од испитаниците чуствуваат тага затоа что знаат дека не можат да го вратат времето назад и да надокнадат, додека пак 18 % се грижат за тоа дека пропуштеното време со децата не им оставило последици на децата во смисла на емоционалниот и социјален развој.
Ви ја претставуваме листата на главни причини поради која родителите чуствуваат грижа на совеста:
- Премногу време поминато на работното место
- Премногу грижи за работите кои не се толку важни
- Недостаток на време за игри со децата
- Недостаток на време за почесто заминувања на одмори со децата
- Поминување премногу време оддвоени оддецата
- Изоставување на подршка на децата кога одбираат спорт или хоби
- Малкуте заеднички активности со нив.
Ви се допаѓа оваа статија? Следи не на Фејсбук и прочитај уште милион вакви интересни текстови…