Како прво, магијата на бременоста… токму тогаш ми се спиеше на стомакот на кој слободно можев да послужам ручек за четворица. Не можев да си ги дофатам врвките на обувките.
Спиев било каде… доволно ми беше само да ја навалам главата на страна… Се облекував во двособни шатори со цел камп полн со спортска опрема.
Тогаш стигна породувањето…
Во овие моменти апсолутно ја почитувам наредбата на мајката природа: „Заборави!“
Заборавив на сè што се случуваше во болницата…
Потоа го носите бебето дома… Во болницата сето тоа се одвива некако поинаку, дома веќе е сосема различна приказната… посебно ако тоа е прво бебе во куќата.
Го ставивме бебето во кревет, се гушнавме и заљубено гледавме во нашиот наследник. Кога ги отвори очите заплака како противпожарна сирена… романтиката пукна како балон од сапуница…
Гладен? Жеден? Мочкаше? Досадно му е? Бебето вика, превод нема, па вие снајдете се.
Тука некаде почна добата на несоници. Шетавме како зомбија низ куќата. Способна без да спијам секаде, дури и стоечки… било каде, било кога… грчеви, чаеви, забите растат ли растат. Како да направивме ајкула, а не човек.
И така три бебиња, едно по друго… Живеевме како лилјаци. Веројатно така и изгледавме.
Се сеќавате ли како изгледало капењето на вашето бебе? Е тоа беше вистински спектакл…
Најстрашните појави на Балканот се промајата, студот, настинката кои историски докажано предизвикувале најстрашни и најголеми пандемии во овој дел од светот.
Па според тоа капењето е вистински ризик.
Ние го бањавме бебето… во собата температурата 67 степени, како шведска сауна. По 20-ти пат ја мериме температурата на водата и додаваме топла вода… ако додадеме уште малку и на тоа додадеме зеленчук, слободно можеме да подготвиме супа.
А, потоа доаѓаат олимписките игри. Мојот сопруг нестрпливо го шири пешкирот, а јас најбргу што можам го дигам бебето и го замотувам со пешкирот.
Рекорд – 0.23 секунди.
Слична појава е и облекувањето за прошетка во есен или зима. Ако се облечеш прво себе, со сигурност ќе се свариш. Ако го облечеш прво бебето, тогаш тоа се „динста“ додека ти се облекуваш.
Кога ќе се сетам на оние малечки чевли… Не можеш да ги дофатиш, камоли да ги заврзеш врвките, а детето мрда ли мрда.
Ракавиците… уште една тешка приказна. Додека стигнам да ги облечам, тие веќе завршиле во устата на син ми.
Сите други бебиња беа со чевлички на нозете, убави сини машнички на косите… Како играчки беа. Само син ми сè мораше да џвака.
Потоа пристигнува времето на мобилност… Тука веќе започнува забавата. Пет години немав испиено кафе, ниту пак јадев како човек. Таман ја подигнам шолјата, некое од децата е во смртна опасност… паѓање од кауч, празнење на фиоките, буткање на вазната… Живеевме на „високо ниво“. Сè беше поставено на најмалку 2 метри височина.
Подоцна доаѓа времето на играчките… Цела куќа се претвора во полигон… Дали некогаш ви се случило да стапнете на коцка доцна во ноќта? Јапонска казна? Не! Е тоа се вика вистинска болка. Што е потрагично, не смееш да викнеш инаку сите ќе станат, па после со сигурност нема спиење.
По каучот автомобили, во бањата гумени играчки, патки и топки…
Се сеќавате на детските родендени? Прво мака беше да не ги изедат пластичните шолји, а потоа фактот дека меѓусебно си ги гризеа ушите и рамениците.
Не можеш да ги натераш да ги дуваат свеќичките. И кога конечно ќе го натераш синот да седне, после следи драма. Секогаш уште некој сака да ги дувне. Ги палевме свеќите по 10 пати… И сите дуваат ли дуваат по 10 пати сè додека не се расипе целата декорација на тортата.
Секое движење беше како големата преселба на народите… Какви стари Словени, имале драстично помалку работи од нас. Заминувањето на море, беше како емиграција. Сè се носи. Сè е неопходно. Компромис нема… Сè е потребно.
Сега кога ќе се присетам и не беше така лошо што се обидуваа да го џвакаат тепихот… Сега едвај чекаш да ги слушнеш на телефон…
Автор: Една мајка
Ти се допаѓа? Следи не на Фејсбук и прочитај уште милион вакви текстови…