Најдобриот имот во долината Камас,кој неодамна е ставен на продажба по цена од 11,5 милиони долари е изграден во 2007 година.
Овој имот кој е сместен на површина од 61 хектар поседува главна резиденција со површина од 1.000 квадратни метри со четири спални соби и осум бањи.
Предниот трем на имотот е со површина од 24 квадратни метри, како и уметничкото студио или колибата за гости од 200 квадратни метри, шталата за коњи со голем простор и на крајот стан за чуварот од 300 квадратни метри.
Осветлувањето е луксузно како и остатокот од декорацијата, погледот е совршен, при што од секоја соба се овозможува величествен поглед кон планините, совршено уредената градина и езерото со бујна вегетација.