Во Абу Даби се отвори Rogo’s ресторанот, што го нарекуваат првиот ролеркостер ресторан во светот. Тука храната не ја служат келнери, туку пристигнува преку мeхaнизиран ролеркостер.
Тука може да најдете секаква храна,од интернационално потекло, а секоја порција се послужува во тенџерче со капаче, со цел безбедно да пристигне до саканата дестинација, односно до вашата маса.
Во средината на ресторанот има огромна механизирана конструкција во форма на спирала, што се протега од плафонот до подот на просторијата. За секоја маса има посебна трака каде пристигнува нарачаната храна.
Ентериерот и начинот на послужување е она што го прави престојот во овој ресторан уникатно и незаборавно искуство.