Се наоѓа на планината Баекду на надморска височина од 2.189,1 метри и спрема Гинисовата книга на рекорди ова е највисокото кратерско езеро на светот.
Езерото настанало после ерупција околу 969 година кога водата го исполнила кратерот со површина од 9,82 километри квадратни, со просечна длабочина од 213 метри. Во текот на зимата воглавно е прекриено со дебели слоеви мраз.
Во Северна кореја се верува дека Ким Јонг-ил е роден во близина на езерото. После неговата смрт KCNA (Централна новинска агенција на Северна Кореја) тврдеше дека ледот на езерото пукнал толку гласно, што дури и небото и земјата започнале да се тресат.
Туристите секогаш ја напуштаат локацијата на езерото со големо воодушевување, не само поради самото езеро, туку и поради другите природни чуда во подрачјето.
Овде се наоѓа и највисокиот вулкански водопад на светот познат како Чангбаи водопад. До него се наоѓаат и низа други езера, долини и прекрасни врвови.