Норвешка е една од најбогатите земји во светот, изобилува и со природна убавина. Но, Норвежаните можат да се пофалат и со неверојатната и специфична архитектура, која прави нивните села да изгледаат како некоја сцена од бајките.
Кога ќе помислите на Норвешка, првото нешто што ви паѓа на памет се фјордови, убави русокоси и Викинзи, но не и архитектура како од бајките. Сепак, овие фотографии можеби ќе го променат вашето мислење.
Имено архитектурата во норвешките села изгледа како да е инспирирана од бајките на браќата Грим или епските романи на Толкин. Архитектонските стилови варираат: од средновековни цркви изградени од дрво и камен, до традиционални дрвени куќички градени во норвешкиот стил наречен byggeskikk за време на 19-тиот век.