Островот Санта Круз дел Ислоте се наоѓа на Карибите и зафаќа површина помала од еден квадратен километар на кои живеат 1.200 луѓе.
Колку за споредба овој остров е четири пати погусто населен од Менхетен.
Пред околу 150 години го открила една група на рибари, а островот е сместен на архипелагот Сан Бернардо.
Иако е густо населен има една неверојатна предност – на островот Санта Круз нема комарци.
На островот во кој живеат 1.200 жители, има 90 куќи, две продавници, ресторан и училиште.
Локалните жители изјавуваат дека уживаат и не мораат да се грижат за крадци, а изјавуваат дека и често се дружат со тоа што се собираат по куќите и гледаат ТВ сапуници. Овој живот е во спротивност со криминалот и насилството во останатите делови на Колумбија.
Меѓутоа постои и една не толку убава страна: на Санта Круз дел Ислоте нема доктор. Исто така на овој карипски остров нема ниту вода за пиење, туку морнарицата им доставува одредена количина на секој три недели, а постои само еден генератор за струја кој работи пет часа на ден.