Селото Фуроре во Италија е вистински скапоцен камен кој што е сокриен во внатрешноста на еден фјорд, во мала пукнатина во карпите, кои некогаш нуделе одлична заштита за неговите жители од поморските разбојници.
Фуроре е мало село, лоцирано на крајбрежјето на Амалфи, во југозападниот регион на Италија. Во минатото тука се наоѓала мала населба, со дисперзирани куќи над планината со фантастичен поглед кон морето.
Фуроре е познато како “село кое не постои” бидејќи сите градби, улици и скали биле сокриени зад карпите, така што од морето не се забележувало апсолутно ништо.
Откако градоначалникот на Фуроре решил остатокот од светот да дознае за нив, тој наредил сите куќи да се пребојат со интензивни бои со што би се привлекло вниманието на туристите, а оваа традиција се одржала и до денешен ден кога жителите од селото често повикуваат и уметници од целиот свет за да ги украсат локалните градби.