Надводната куќа наречена “Water Nest 100” која е дизајнирана е од страна на италијанскиот архитект Џанкарло Зема за англиската компанија “EcoFloLife”, нуди доволно место за четири личности, енергијата во целост ја добива од сонцето, а поседува и балкони за седење и опуштање.
Најголемиот модел нуди дури 100 квадратни метри простор, па по потреба можете да добиете дневна соба, трпезарија, спални соби, кујна и купатило, но и било која друга конфигурација на внатрешноста која ќе ја посака сопственикот.
Куќата нуди и голем покриен балкон, како и големи прозорци кои пропуштаат доволно природна, сончева светлина.
Посебна предност е фактот дека овие пловни куќи можат да се користат и како канцеларии, барови, простори за одржување на разни настани или како ресторан но сепак основната намена им е да бидат викенд куќи.
Уште една препознатлива карактеристика се препознава и во тоа што е направена од локален и рециклиран материјал отпорен на вода. Па така дури 98% од материјалите од кои се гради може повторно да се употребат, а главно тоа се алуминиумски панели и дрво.
Овие куќи се мобилни и може да се движат по површината на водата. Цената на основниот модел изнесува 500.000 евра, додека најскапиот модел чини дури 800.000.