Празниците се веќе на прагот, а нашиот главен град иако не е украсен како светските метрополи, сепак со бројните сијалички и украсни декорации ни ја доловува празничната атмосфера и овие студени денови барем малку не загрева.
На социјалната мрежа Инстаграм забележавме безброј фотографии од празничната атмосфера во центарот на градот, а доколку сметате дека и вашата фотографија треба да се најде во овој избор објавете ја на некоја од социјалните мрежи и пратете ни линк од истата на нашата фан страница на Фејсбук. На сопствениците на најубавите фотографии им подготвивме убаво изненадување кои дополнително ќе ги израдуваат во текот на овие празници.
Затоа додека шетате низ градот, земете го својот фото апарат или мобилен телефон во рака, застанете за кратко и доловете ја новогодишната магија на видео или фотографија.