Љубителите на вино обично знаат колку дрвени вински тапи можат да ги соберат низ годините, па ако веќе сте започнале со собирање на вински тапи овој направи сам проект е вистинскиот за вас.
Дрвените вински тапи многу лесно се сечат и имаат прекрасен рустикален изглед. Со нив можете да направите интересни и уникатни рачни изработки.
Ние во прилог ви претставуваме како на едноставен начин да направите подметачи за маса направени од дрвени вински тапи.
Потребни материјали:
- околу 50 вински тапи
За да ги обезбедите винските тапи од 50 шишиња вино имате неколку опции (а) пијте многу вино, (б) побарајте од локалните ресторани или (в) купите ги онлајн.
- нож
- силиконски пиштол
Инструкции:
Исечете мали крукчиња од дрвените вински тапи (колку 5-6 парчиња треба да ви искочат од една тапа). Сите парчиња треба да бидат слични во големина за да можете подоцна лесно да ги лепите и да можете да ставате предмети врз нив.
Сепак, убаво е да има малку контраст во големината, затоа не се грижете премногу тапите да бидат еднакви во големина.
Наместете ги исечените парчиња тапа во форма каква што ќе ви се допадне и започнете да ги лепите една до друга со силиконскиот лепак.
Не заборавајте да ставите некаква подлога за да не ја оштетите работната површина.