Сајтот I Look Like You ви овозможува да ја „аплоудирате“ (upload) фотографијата и врз основа на неа да ја пронајдете личноста која изгледа како вас.
Овој забавен сервис кој служи исклучиво за разонода нуди и опција за прегледување на сличностите помеѓу другите личности.
Така можете да погледнете во кој процент некои две личности наликуваат, односно чиј изглед најмногу се поклопува со изгледот, на пример, на славните личности.
Целата идеја се развила од приказната за безбедносните служби, кои препознавањето на лицето го користат како помош при барањето на криминалците.
Проверете и вие дали имате двојник/чка со клик овде.