Некои луѓе сметаат дека загатките се забавни, додека други мислат дека се оптоварувачки. На оваа загатка со зомби, многу паднаа.
Прашањето гласи: Како на време да префрлите четири луѓе преку еден мост додека ве бркаат зомби?
За зомбите да дојдат до вас, им требаат 17 минути, а сите четворица заедно не смеете да го премините мостот во исто време затоа што остот може да издржи само двајца истовремено, а преку мостот не се поминува без ламба.
Нажалост во групата има само една ламба, па една личност мора да го премине мостот и да се врати назад со ламбата.
Ламбата е во вас.
Но лицата не се подеднакво брзи – вас ви треба минута да го поминете мостот, на асистентката и требаат две минути, на домарот пет, а на стариот професор цели 10 минути.
Обидете се да ја решите задачата, а ако не ви успее погледнете го виедото.