Тестирајте ја вашата интелигенција со оваа едноставна загатка. И да, навистина е сосема едноставна!
Сигурно се сеќавате на забавните детски игри со чкорчиња и загатките кои постарите ви ги поставувале. Ова е уште една од нив каде од вас се бара со поместување на само едно чкорче да го решите равенството така што ќе добиете точна равенка.
Решението е подолу…
1. Поместувајќи едно чкорче од + и додавајќи го на бројот 6 ќе добиете: 8 – 4 = 4
2. Поместувајќи го долното чкорче од левата страна на 6 и додавајќи го на 4 после еднаквото ќе добиете: 5 + 4 = 9
3. Поместувајќи го средното чкорче од 6 за да добиете нула се добива: 0 + 4 = 4
4. И решението за најдосетливите, поместувајќи го долното чкорче од левата страна на 6 и ставајќи го врз знакот = ќе добиете 5 + 4 ≠ 4