Трета недела по ред тимот на Бранко Огњановски ја собира публиката на „Телма“, веднаш после вечерните вести.
Во третата епизода на „Фчерашни новости“ на тапет се најдоа здравството, образованието, новиот мега проект и уште многу прилози кои веќе се прераскажуваат, но најдобро е да се погледнат.
Следната епизода, пак, веќе се снима. Сите фотографии и тизери од снимањата може да ги погледнете на Фејсбук и Инстаграм.
„Фчерашни новости“ е хумористично-сатирична емисија, на која работи креативен тим предводен од Бранко Огњановски, најпознат како Миле Паника од „К-15“.
Во секоја епизода во околу 30 минути, преку призмата на хуморот и сатирата, се обработуваат актуелни теми од секојдневниот живот.
„Фчерашни новости“ премиерно се прикажува секоја недела на „Телма“, а се емитува и на 24 регионални и локални телевизиски станици.