Експертите од Машинскиот факултет конечно го пронајдоа решението за тоа како да се повлече аболицијата од претседатело Иванов, мерка што исклучително многу му се допадна на публиката. За што се работи, дознајте од новите „Фчерашни новости“.
Новата, четврта по ред епизода на хумористичната емисија е една од најдобрите досега. Овојпат со многу повеќе прилози од обично, погледнете што ви подготви целиот тим на „Фчерашни“.
Следната епизода, пак, веќе се снима. Сите фотографии и тизери од снимањата може да ги погледнете на Инстаграм и Фејсбук.
„Фчерашни новости“ е хумористично-сатирична емисија, на која работи креативен тим предводен од Бранко Огњановски, најпознат како Миле Паника од „К-15“. Во секоја епизода во околу 30 минути, преку призмата на хуморот и сатирата, се обработуваат актуелни теми од секојдневниот живот. „Фчерашни новости“ премиерно се прикажува секоја недела на „Телма“, а се емитува и на 24 регионални и локални телевизиски станици.