Ѓоко Танески oтвори душа за тоа како се снаоѓаат пејачите сега, кога поради постојаното одложување на изборите изгубија вредни тезги.
Тука се редовните рубрики со економскиот експерт Тошо Малерот, фенг-шуи советите на Спиро Енергија и временската прогноза на Симе Временски.
Шестата епизода на „Фчерашни новости“ веќе е на „Јутјуб“, а покрај сите овие содржини, во неа е и новиот серијал на емисијата. „У туѓи ципели“ со Паника Ми Лѐ не може да се раскажува, едноставно е нешто што мора да се гледа.