Деветтата епизода на „Фчерашни новости“ несомнено беше една од најдобрите досега. На тоа сигурно придонесоа часовите по српски јазик, повторната средба на Блажо и на Ристо преку „Скајп“, како и Првите традиционални хаику средби.
Погледнете како помина посетата на Духовден на гробот на Пржинскиот договор и слушнете ги советите на Спиро Енергија за тоа како да се спасите од инсектите и гадинките по партиска основа.
Во оваа епизода нема да ви недостига смеење:
Додека ние ја снимаме 10. вистински јубилејна епизода, погледнете ги необјавените клипови и скечеви на „Фејсбук“, фотографиите од позади сцената на „Инстаграм“ и потсетете се на старите епизоди на „Јутјуб“.