Кога ќе кликнеш наслов “Ќе се шокирате!” и навистина ќе се шокираш, кога ќе кликеш на “Ќе останете без зборови” и навистина ќе станеш нем – вакви случаи се почесто ги полнат болниците низ земјава, дознава “Фчерашни”.
Ексклузивно, последни возевме „југо“ и коментиравме натпревар од Европското првенство.
Јубилејната 10. епизода на „Фчерашни новости“ веќе е достапна на официјалниот канал на „Јутјуб“.
Екипата на „Фчерашни“ веќе продолжува со нови скечеви и фчерашни вести.
Во меѓувреме, погледнете ги необјавените клипови и скечеви на „Фејсбук“, фотографиите од зад сцената на „Инстаграм“ и потсетете се на старите епизоди на„Јутјуб“.