Кевин Далтон е поранешен маринец на американската војска. Иако учествувал на неколку боишта, а глетките кои што ги видел со сигурност не биле убави, за овој поранешен маринец постои нешто многу пострашно – менување пелени.
Толку страшно, што тој речиси и да не може да го издржи.
Велат дека сите родители сонуваат еден ден да станат баба и дедо. Кевин Далтон имал токму таква среќа и добил внук, но него очигледно обврските околу малото бебенце го затекнале сосема неподготвен. Или пак можеби заборавил како изгледа сето тоа.
Погледнете како реагира тој додека ги менува пелените на својот внук:
Но, во едно сме сосема сигурни, а тоа е дека неговиот внук очигледно и тоа како ужива со својот дедо, кој навистина знае како да го насмее од срце!