Во затворот „Penas Ciudad Barrios“ се сместени членовите на озлогласената банда „Мара Салватруча“ од Ел Салвадор. Затворот е изграден за 800, а сега во него има дури 2 500 затвореници. Тие животот го организираат по свои правила, дури имаат и сопствена пекара и болница.
Тие се дилери со дрога и оружје и убијци. Лицата и телата им се тетовирани а тетоважите зборуваат за криминалите кои ги имаат направено. Од членовите на бандата Мара Салватруча (MS-13) сите се плашат толку многу, што им е оставено на располагање да го раководат самите затвор во кој се сместени.
Чуварите на затворот се пред врата и нивната обврска е само да внимаваат некој да не избега – со тоа што се случува внатре во затворот немаат никаква контрола и обврска. Во 2013 фотографот Адам Хинтон од Лондон доби можност да ги фотографира затворениците на овој затвор во Сан Салвадор.
– Луѓето изгледаат како да се без цел, немаат што да прават освен „да го убијат“ времето кое треба да го поминат в затвор – вели тој.
– Повеќето од нив доаѓаат од места во Ел салвадор акде никој не добива никаква шанса и единствениот начин да се преживее е да се придружиш на банда. Потоа ги апсат и ги оставаат во затворот и забораваат на нив – вели Хинтон.