Неколку работи кои ги правите, а поради кои испаѓате сељаци во очите на келнерот:
Цената на кратко еспресо е иста како и цената на долго.
Ако нарачате еспресо, ќе добиете кратко.
Тацната не е чинија од која јадете.
Кога нарачувате “сок”, ќе добиете Кока-Кола доколку не нагласите кој го сакате.
Келнерот не е Диџеј. Не сме тука за да ви исполнуваме музички желби.
Кога ви наплаќаме, прашањето “Да не јадевме ние кавијар?” ви е многу застарена финта и досадни сте со тоа.
Ако е гужва и дојдете да нарачате на шанк, не значи дека први ќе добиете пијачка.
Доколку девојките ги одбијат пијачките што сте им ги пратиле, нема потреба повторно да ги прашуваме што ќе се напијат.
Доколку нема место, нема потреба да прашувате кога ќе се ослободи.
Не ги земајте пијачките сами од послужовникот на келнерот, се губи рамнотежата и може сè на вас да заврши.
Келнерите не ставаат дрога во пијачките.
Доколку ве сретнат на улица а некогаш ви донеле кафе или пијачка, не се обврзани да ве поздравуваат.
Можете да добиете хартија и пенкало, ама пенкалото би требало да го вратите.
Ако не знаете што ви се пие, нема потреба келнерот да стои до вас додека размислувате.
Светлата на фајронт значи да го напуштите локалот а не да нарачувате пијачки, имаме и ние живот после работата.
Прашањето дали имаме тоалет е најглупавото прашање кое можете да го поставите.
Бакшиш не е град во Турција.