Научникот Андреас Вал сакал да докаже што ќе се случи доколку кон себе истрела куршум под вода. Тој верувал во своите пресметки, но ова искуство воопшто не било пријатно.
Вал стоел во базенот свртен кон автоматската пушка, за да ја демонстрира разликата помеѓу отпорот на воздухот и водата.
Кога куршумот бил истрелан, набрзо ја променил својата траекторија и паднал на дното на базенот.
Сепак, Андреас советува дека никако не смеете да го правите ова дома, бидејќи работите во неговиот случај биле направени според прецизни пресметки.